Деновиве екипи од јавното претпријатие „Градски гробишта“ започнаа со работни активности за партерно уредување на „Светијонската куќа“ во Велгошти.
Површината што се уредува изнесува околу 220 метри квадратни, а активностите се очекува да завршат до крајот на неделава, информираат од јавното претпријатие.












