Започнаа активностите за поплочување на пешачката патека што води кон ОУ „Св. Климент Охридски“ непосредно над Горна порта, информира градоначалникот Кирил Пецаков на фејсбук профилот.

Поплочувањето се врши со камени плочки автентични за стариот дел на градот. Должината на патеката е 45 метри. После завршувањето на активностите Охриѓани и туристите добиваат уште една пешачка патека во стариот дел од градот, стои во објавата.

Активностите, се додава во објавата, се во рамки на договорот за уредување и поплочување на пристапни пешачки патеки и улички на територија на Општина Охрид.

Вредноста на договорот изнесува 2 400 000 денари, средства од буџетот на Општина Охрид.

OhridNews