По налог на Секторот за комунален развој, сообраќај и улици при општина Охрид, екипи на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ деновиве работат на уредување на просторот кај Клучката во непосредна близина на влезот на Охрид. Се спроведуваат активности за порамнување на теренот, а се  врши и косење на тревата.

Од Охридската локална самоуправа информираат дека екипи ова општинско претпријатие вршат кастрење на дрвјата покрај патот, на потегот од „Дрвара“ до „Горна Порта“. На овој простор се работи и на санација на две борови дрвја кои поради староста претставувале опасност за минувачите и жителите на Урбана заедница „Кошишта“.

OhridNews