Екипите на „Паркови и зеленило“ и „Јавна хигиена“  деновиве  го уредуваат зелениот појас на охридското Кале.

– Се работи на шумскиот дел кој се наоѓа покрај коловозот кој води од вториот Чинар до Горна Порта и од Горна Порта до месноста „ Дрвара“. Повеќе  исушени дрвја од видот багрем и јасен се отстранети, а со цел непречено движење на пешаците и возилата,  гранките од дрвјата кои се наоѓаат во непосредна близина на  коловозот се поткастрени, а ниската вегетација е отстранета, информираат од јавното претпријатие.

Исто така интензивно се уредува и шумскиот дел под црквата „Св.Богородица Перивлепта“. Подигнато е големо количество расфрлан отпад, а просторот е исчистен и од бршлени и трња. Поради непристапност на теренот сите активности се спроведуваа рачно.

OhridNews