По налог на општинскиот инспекторат екипи од Ј.П.„Охридски Комуналец“  извршија расчистување на локација на улицата „Ванчо Питошески“  во близина на градинката „ Лихнида“, која се наоѓа на приватен имот, обрасната со зеленило и претставувала  опасност при движењето на пешаците и автомобилите. Од локацијата бил расчистен зелен отпад во големи количини кој потоа бил транспортиран во три наврати.

Екипи од јавното претпријатие извршија уредување и на зелената површина на булеварот „ Туристичка“ во близина на дирекцијата на МЈП „Проаква“ и косење на тревата околу сите пристапни патеки до село Рача.