По налог на Општина Охрид, екипи на охридските јавни претпријатија деновиве работат на партерно уредување на јавни површини на неколку локации во Охрид и неговата околина, информираат од општината.
Во село Пештани се уредува и поплочува пристапната улица која го поврзува ова населено место со регионалниот пат Охрид- Св. Наум. Во село Велгошти со бехатон плочки се поплочи пристапната улица што води до ООУ „Живко Чинго“. Екипи на ЈП „Водовод“- Охрид работат на поставување нова водоводна линија на улица „Григор Прличев“ во стариот дел на градот, велат во соопштението.
Активностите, додаваат, се реализираат со средства од буџетот на Општина Охрид.
OhridNews














