Од јавното претпријатие „Охридски комуналец“ информираат дека согласно Програмата за одржување на јавната чистота и јавно зеленило 2012, секојдневно се врши уредување и одржување на јавната хигиена во централните и периферните делови од градот и руралните средини.


Деновиве, беше извршено чистење и метење на периферните делови од градот опфаќајќи ги улиците „Прилепска“, „Винковачка“,„ Кленоец“, „15-ти Корпус“ и „Радоица Новичиќ“.


Во населба Далјан пак се вршеше тековно одржување на зеленилото со косење на тревата и уредување на украсните садници.

OhridNews