Во пресрет на празникот Рамазан- Бајрам, екипи на Јавното претпријатие „Градски гробишта“ интензивно работат на средување на муслиманскиот дел од гробиштата.
Покрај поставувањето нови парковски ивичници, се работи на дислоцирање на старите камени плочи, а ќе се отстранува и поголем дел од шутот кој е во непосредна близина на гробиштата.
Инаку, акцијата за уредување на муслиманските гробишта ќе продолжи и во наредниве 10-ина дена.
OhridNews