Деновиве екипите на „ Паркови и зеленило“  вршат уредување на неколку зелени катчиња во градот кои ќе добијат нов изглед, а се оформуваат и нови парковски решенија.

Се реконструираат: паркот во близина на мостот кај каналот „Билјанини Извори“, кружната сообраќајница на влезот во Охрид кај населба „Даљан“, површината околу спомен-обележјето на Коста Абраш на Сараиште.

Постоечките површини се оплеменуваат со нови цветни леи и декоративни садници и се украсуваат со декоративен чакал.

OhridNews