Во заедничка акција на Јавна хигиена и Јавно зеленило при ЈП Охридски комуналец, деновиве се уредуваат поодалечените населби и планински села меѓу кои и Куратица, Вапила,  Ливоишта, Опеница, Рамне, Велестово.

Се врши косење на тревата и се расчистуваат јавните површини.

–    Според динамиката на подигање на отпадот, а заради пододбрување на степенот на хигиена во руралните средини, отпадот се подига еднаш неделно, информираат од јавното претпријатие.

Минатата недела, службите на ЈП Охридкси комуналец вршеа хортикултурно уредување на јавните површини во крајбрежните населби, од Свети Стефан до Љубаништа.

OhridNews