Деновиве, пред официјалниот почеток на туристичката сезона, екипи на ЈП Комуналец започнаа со уредување на приградските населби. Хортикултурно се уредуваат , се метат јавните површини и се подигнува различниот вид отпад (пластика, градежен шут и др.).


Изминативе денови се уредуваа селата Косел и Лескоец и Пештани, а денес екипите на ЈП Комуналец ќе извршат детално чистење на Трпејца и Љубаништа.

OhridNews