Локалната самоуправа деновиве започна активности за уредување на улиците во стариот дел на Охрид.
Градежни зафати се вршат на повеќе помали улични кои гравитираат кон „Кузман Капидан“ и „Браќа Миладинови“ во близина на Античкиот театар.
Несомнено дека овие зафати ќе го подобрат квалитетот на живеење на жителите од тој дел, но ќе бидат и подобрена слика за сите гости и туристи кои во пост-сезоната ги има во голем број, велат од локалната самоуправа.