Од јавното претпријате „Нискоградба“ информираат дека нивни екипи изведуваат градежни активности на улица „Никола Карев“, на потегот од основното музичко училиште „Методи Патче“ до раскрсницата со улицата „АСНОМ“.
На тротоарите се поставува бекатонска подлога во должина од 700 метри-1400 метри квадратни.
– Со овие активности ќе се придонесе кон зголемување на безбедноста при движењето на пешаците, потенцираат од јавното претпријатие.
OhridNews