По налог на Секторот за Комунален развој сообраќај и улици при Општина Охрид, деновиве екипи при ЈП “Градски гробишта “ започнаа со поплочување на двата тротоари на улицата „Пере Тошев“ во непосредна близина на детската градинка „Росица“ во населбата Лескајца.
Станува збор за површина од 300 метри квадратни, а во акцијата е предвидено и поставување на парковски ивичници и островца околу уличните дрва.
Акцијата на поплочување на предвидената површина на двата тротоари се очекува да заврши идната недела , со можност веднаш после тоа доколку наложи Секторот за комунален развој сообраќај и улици истата да продолжи по останатата површина од тротоарите.
OhridNews