Екипите на „Паркови и зеленило“ извршија хортикултурно уредување на образовните установи во градот.

Во дворот на О.У.„Братство Единство“ се засади жива ограда, уредени се жардињерите на влезот во училиштето и засадени се 50 нови разновидни садници. Во О.У.„Христо Узунов“ се изврши косење на тревата во училишниот двор и се засади жива ограда од видот „лоницера“, а во подрачното училиште „Григор Прличев“ во село Рача се искоси тревата.

Во дворот на музичкото училиште „Методи Патче“ извршено е кроење на крошните од дрвата и се отстранети суви гранки.

По налог на општинскиот инспекторат се изврши и темелно расчистување и хортикултурно средување на реонот опфатен со дворот на О.У. „ Климент Охридски“ во населба Даљан, просторот околу школото, пристапниот пат и крајбрежниот појас во овој реон.

OhridNews