Екипите на “Паркови и зеленило” започнаа со уредување на зелениот појас на главната сообраќајница во градов, булеварот “ Туристичка”.


Се отстрануваат сувите гранки кои ја попречуваат поголемата видливост во одвивањето на сообраќајот, се шишаат украсните грмушки и се чистат бетонските граничници од обрасната трева.


Активностите околу уредувањето на зелениот појас околу сообраќајниците ќе продолжат и на улиците “7-ми Ноември” и “Кеј Маршал Тито”.

OhridNews