Се урива незаконски изградениот ѕид на плажата Градиште
18.05.20 13:24
Започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто – кампот „Градиште“, информира денеска градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.
Градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина, утрово, извршија увид по што беше констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување.
Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид. – објави на Фејсбук Георгиески.
Градежните работи на спорниот ѕид започнале во март годинава. Надлежен инспекторат и тогаш излегол на лице место и откако контатирал дека дејствијата се незаконски издал решение за уривање, кое не било испочитувано. По силните реакции на јавноста денеска беше извршен нов инспекциски надзор, по што започна уривањето на потпорниот ѕид изграден до самото езеро.
Како што веќе информиравме, овој еколошки инцидент се случува во исклучитено чувствителен период за Охрид, кој се бори да го задржи статусот на светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО, кој е доведен во прашање токму поради вакви случаи и несоодветна заштита.
Минатата седмица Антикорупциската комисија предложи одземање на ингеренциите на општините Охрид и Струга во постапувањето со дивоградбите.
Д-р Виолета Мојсовска Наумоска, спец кардилог, доктор на мединцински науки вработена во ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на карадиоваскуларни заболувња –Охрид, п...
Третото коло од фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ ќе се одигра викндов на 28 февруари и 1 март во Спортскиот центар „Климент Колески“ На програмата се 4 натпревари Екипите на ЛТХ Леарница и ...
Под мотото „Реткоста е сила, а заедништвото е нашата најголема моќ“ Здружението на граѓани со ретки болести „Ретко е да си редок“ – Охрид ќе го одбележи Денот на ретките болести Подготвивме богата ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.