Специјализирана фирма ангажирана на тендер од општина Струга, започна со уривање на нелегално изградените тенди, конструкции и тераси на кејот од реката Црн Дрим.

Акцијата која се спроведува со асистенција на полицијата тече без проблеми, а дел од сопствениците на угостителските објекти сами ја демонтираат поставената опрема.

Градоначалникот на Струга, Зијадин Села, уште на почетокот од својот мандат најави дека ќе ги ослободи узурпираните шеталишта од урбана опрема и ќе ги уреди.

OhridNews