Обновено:Се урна авион на „Етиопијан ерлајнс со 149 патници, во турбуленции на авион на „Туркиш ерлајнс“ 32 повредени - OhridNews

Обновено:Се урна авион на „Етиопијан ерлајнс со 149 патници, во турбуленции на авион на „Туркиш ерлајнс“ 32 повредени

Патнички авион на „Етиопијан ерлајнс“ со 149 патници и 8 членови на екипажот, се урна на лет од Адис Абеба кон Кенија.

Авионот го загубил контактот набрзо по полетувањето во 08:38 часот. Во авионот имало 149 патници и 8 членови на екипажот. Меѓу загинатите во паднатиот авион кој летал на релација Адис Абеба – Најроби  е и еден Србин, пренесе Ројтерс повикувајќи се на соопштение од авио-компанијата. Етиопските медиуми пренесоа дека ниту еден од 149 патници и 8 членови на екипажот не ја преживеал авионската несреќа.

Меѓу загинатите патници 32 се државјани на Кенија, 18 на Канада, 9 на Етиопија,  има по осум загинати државјани на Италија, Кина и Америка, по седум Британци и Французи, 6 државјани на Египет, 5 на Холандија и по четворица Словаци и Индијци.

Во авионот имало и по тројца државјани на Австрија, Шведска и Русија, по двајца од Мароко, Шпанија, Полска и Израел  и по еден од Србија, Белгија, Индонезија, Сомалија, Норвешка, Того, Мозамбик, Руанда, Судан, Уганда и Јемен.

Уште еден инцидент што се случи, овој пат со авион на „Туркиш ерлајнс“ кој безбедно слета на њујоршкиот аеродром, по сериозни турбуленции во кои повќе од 32 лица завршија со повреди.

Авионот летал од Истанбул кон Њујорк, а турбуленциите почнале 45 минути пред слетувањето на Џон Кенеди аеродромот. Десет повредени патници биле згрижени во болница, а на останатите им била пружена помош на аеродромот.

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com