Девет лица загинаа во авионска несреќа што се случи ноќеска на Хаваи. Како што јавуваат медиумит, мал двомоторен авион од типот „Кинг Ер“ се урнал во близина на аеродромот Дилингам на островот Оаху, по што се запалил и во потполност изгорел.

Министерство за транспорт во Хаваи потврди дека загинале сите девет патници и членови на екипажот.