Засега нема осомничен за тројното убиство што се случи Дебар. Како што соопшти Јавното обвинителство, преземени се мерки за расветлување на случајот, а истрагата се уште трае.

-По наредба на јавниот обвинител беа земени парафински ракавици и беше извршен претрес во домовите на неколку лица со кои жртвите во последниот период поинтензивно контактирале, но се уште нема осомничен извршител на кривичното дело.Дополнително, ќе бидат детално сослушани сите лица кои ги познавале жртвите и кои би можеле да помогнат за расветлување на случајот. – соопшти обвинителството.

Засега непознат сторител во семејната куќа во Дебар со огнено оружје ги лиши од живот сопружниците Амит и Назмие Поцеста на возраст од 54 и 53 години и нивната 14-годишна ќерка Анила.

OhridNews

Тројното убиство го потресе Дебар