Се’ уште се во тек активностите за санација на свлечиштето кај село Ботун, на магистралниот пат А2 од Кичево кон Охрид. Поради тоа на овој дел од патот е поставена соодветна патна сигнализација и семафори, а сообраќајот се одвива забавено.
Од ЈП „Македонијапат“ неодамна информираа дека на овој дел од патот се изведува санација и потпора на ридот, со што ќе се спречи натамошната активност на свлечиштето. Од таму најавуваа дека работните активности за санацијата, ќе завршат пред почетокот на летната сезона.
Реконструктивни активности на патниот правец А2 во моментов се изведуваат и на превојот Пресека, кај големиот паркинг со чешма, каде што сообраќајот исто така се одвива по една коловозна лента и се регулира со семафори. На истиот патен правец реконструктивни зафати има и на излезот и на влезот во Кичево каде што се работи на надградба на асфалтната подлога.
OhridNews