Се’ уште се трага по исчезнатото девојче од Лешани
26.12.13 09:46
Полициските служби на СВР Охрид ги спроведуваат сите потребни оперативни мерки за потрага по 14-годишното девојче од селото Лешани, кое се води како исчезнато повеќе од три недели. За таа цел во реонот на Општина Дебрца пред шест дена беше спроведена голема акција за потрага, во која беа вклучени полициски службеници од Охрид, Струга и Кичево, како и роднини на исчезнатото девојче и дел од месното население на општината.
Ваква акција СВР Охрид реализираше и неодамна во атарот на селата Песочан и Црвена Вода, а на барање на Охридската полиција Министерството за внатрешни работи распиша и меѓународна потерница по исчезнатото девојче.
Ова е втор пат девојчето да го напушти својот дом. Претходно тоа беше пријавено за исчезнато на почетокот на ноември годинава. Тогаш беше пронајдено во Скопје и со придружба на еден родител беше вратено дома.
Основниот суд во Охрид денеска донесе ослободителна пресуда за Илија Спасески и Борче Ангелов, обвинети за нанесување тешка телесна повреда на Христијан Пендиков во инцидентот што се случи во јануа...
Со свечена академија „Од идеја до независност“, што вечерва се одржа на малата сцена во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Охрид го започна одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската...
Денес, на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во пријатна и интерактивна атмосфера се одржа отвореното предавање „Исхраната како грижа за себе: женското здравје во фокус“, со проф д-р Ан...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.