Сé уште трае истрагата за сообраќајната несреќа во која загина основачот и уредникот на Фокус, Никола Младенов, пренесува „Макфакс“.

Истражниот судија го чека и извештајот од судска медицина за причините за смртта на Младенов.
Според првичните информации од судска медицина, Младенов починал на лице место поради силниот удар во градите со воланот, што предизвикало внатрешно крварење.
Инаку, сообраќајката се случи во вторникот вечерта на патот Велес – Скопје, на клучката кај Хиподром, пред главниот град. Потрагата по телото на Младенов започна во средата во 9.30 часот откако неговата сопруга пријавила дека го нема. Возилото „мерцедес“ беше извлечено дури во средата вечерта околу 20 часот, а телото на Младенов беше предадено во судска медицина за обдукција.
OhridNews
извор:„Макфакс“












