Од СВР Охрид информираат дека пожарот што се случи вчера, околу 18.00 часот во село Песочан-Општина Дебарца, настанал во куќа сопственост на Љ.Т.
При гаснењето на пожарот, од страна на пожарникарите од Противпожарната единица, во куќата било пронајдено починато лице. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице.
Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.
OhridNews












