Врнежи од снег го зафатија Охрид во текот на ноќта. Под влијание на ладна воздушна маса од север пролетните температури се претворија во зимски, а дождот во снег.


Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи променливо облачно време со врнежи претежно од дожд не очекува до крајот на неделата. Минималната температура ќе се спушти под нулата, а максималната дневна ќе достигне до 18 степени.

OhridNews