Главниот карневалски ден е 13 јануари со традиционалното дефиле на маски, со пречек на Старата нова година на отворено на плоштадот во Вевчани со концерт на естрадни уметници од земјава и соседството.
Манифестацијата завршува на 14 јануари со традиционалното Вевчанско василичарско оро и ритуалното палење на маските.
Како што истакнуваат од организациониот одбор на карневалот, специфичност на карневалот е што никогаш однапред не се знаат кои маски ќе можат да се видат , но секако не изостануваат традиционалните маски – зет, невеста и Глупавиот Август.
Во 1993 година Вевчанскиот карневал, односно Вевчани е член на ФЕЦЦ – Асоцијација на светските карневалски градови под уставното име на Република Македонија.