Врз охридските Египќани се врши културна асимилација обвинуваат политичките претставници на оваа етничка заедница. Последен, неуспешен обид, според нив, била неодамнешната прослава на Светскиот ден на Ромите во Охрид, која како што стои во реакцијата, доживеала целосно фијаско.
– Едноставно, Роми автохтони, во Охрид, Ресен,Струга, нема, но тоа не значи дека ние немаме соработка на одредени полиња, но крајно трагикомично е што Шабан Салиу постигна ефектен политички автогол, политизирајки еден голем ден за неговиот народ, а тоа се потврди со бројот на граѓани кои ја посетија манифестацијата со која се одбележуаше Денот на ромите во Охрид, вели Египѓанецот Демир Далип.
Според него во Охрид се случува еден вид културна асимилицаија, затоа што многу деца Египќани, немајки средства да го завршат своето образование, или да се вработат по „Рамковен“ свесно се пишуваат како Роми, што не е во духот на демократијата и ја дискридитира суштината на Охридскиот рамковен договор, додава Далип.
На опасноста од асимилација на Египѓаните во Охрид предупредува и градоначалникот Александар Петрески, според кого постои интенција за претопување на оваа етничка заедница. „Некој сака охридските Египѓани да ги претстави како нешто друго, што не е во ред“, предупреди Петрески.
OhridNews