Викендов во Серија А се игра 19-та рунда, а сите погледи ќе бидат вперени во Милано каде се игра градското дерби помеѓу Милан и Интер. Страстите пред  дербиот “Де Ла Мадонина“ се загреваат откако во екипата на Интер се вратија, холанѓанецот Снајдер, Диего Форлан и десниот бек Маикон.


Масимилијано Алегри неможе да смета на Алберто Аквилани и Џенаро Гатузо кој сеуште не рехабилитиран од повредата на окото. Натпреварот се игра во недела во 20:45 часот (пренос на Тв Телма).

Мх.П.