По налог на надлежните од Секторот за комунални дејности и во соработка со СВР Охрид, екипи на ЈП “Нискоградба“ денес започнаа со активности за замена на стари и оштетени сообраќајни знаци со нови во поширокото централно градско подрачје.
Од локалнта самоуправа информираат дека акцијата со уште поголем интензитет ќе продолжи и во текот на следните неколку денови, при што освен замена на старите сообраќајни знаци, ќе се дислоцираат и обележуваат такси станиците.
OhridNews