Пожар избувна денеска во зграда на улица “Димитар Влахов”, во близина на Општина Охрид.
Со брза реакција на Професионалната противпожарна единица Охрид, огнот за кратко бил совладан. На местото на настанот се нашол и пензиониран пожарникар кој веднаш ја согледал ситуацијата и им помогнал со информации на колегите.
Според информациите од теренот, се работи за оџак кој се запалил најверојатно поради нередовно одржување.
За среќа во пожарот не е предизвикана поголема штета.
Г.М.













