Утрово избувнал пожар од паркирано возило на паркинг во зграда во близина на општината.

Први на помош притрчале од околните деловни објекти, а неполна минута по пријавувањето пристигнала екипа на Професионалната противпожарна единица – Охрид, која експресно ја ставила ситуацијата под контрола и не дозволила огнот да се прошири.

Пожарот бил брзо изгаснат

Увидот треба да ги утврди причините за пожарот како и висината на материјалната штета.

Г.М.