Пожар изби вечерва во шума помеѓу населбата Рача и селото Велестово.


Како што информираат од Професионалната противпожарна единица, огнот зафатил помала површина од шумата. Со брза интервениција за кратко време пожарот е изгаснат и ситуацијата е ставена под контрола.

Причината за избувнувањето на пожарот не е позната, но се претпоставува дека се работи за човечка небрежност.


фото: Ристо Малезан

За кратко време ова е втор пожар во охридско. Неодамна пожар изби помеѓу селата Куратица и Опеница, при што изгореа околу 300 хектари шума. Полицијата подоцна приведе едно лице под сомнение дека го предизвикало пожарот

OhridNews