Вчера околу 18.20 часот, во СВР Охрид пријавен бил пожар на патничко возило во движење на локалниот пат кон охридското село Велестово, во кој нема повредени лица.

Од извршениот увид констатирано е дека пожарот настанал при движење на автомобил „Рено Меган“, со холандски национални ознаки, сопственост и управувано од 57-годишен државјанин на Холандија, информира СВР Охрид.

Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

OhridNews