Синоќа, половина час пред полноќ, во апартман лоциран на улицата „Богомилска“ во Охрид се случил пожар кој, со интервенција на Територијалната против пожарна единица брзо бил локализиран и целосно изгаснат. При увидот извршен во присуство на вешто лице, констатирано е дека пожарот е предизвикан од оставена вклучена електрична пегла, информира СВР Охрид.
Исто така вчера, во полициската канцеларија Пештани, 58-годишен жител на Трпејца, пријавил дека извршувајќи работни задачи во авто кампот „Љубаништа“, бил нападнат од куче скитник. Притоа, тој се здобил со повреди на десната натколеница и бил префрлен во Општата болница во Охрид, соопшти СВР Охрид.
OhridNews












