
Како што пренесува „Макфакс“, новите измени кои стапија од почетокот на февруари оваа година забрануваат секаков облик на дискриминација со пристапот на вработувањето, условите за работа на жените кои се бремени или жени кои имаат право да користат права по основ на родителство.
Ристовски апелираше сите жени кои биле дискриминирани од работодавачи по основ на бременост, раѓање и родителство случаите да ги пријават на телефонските броеви 15 131 и 15 505 или со пријава до Државниот инспекторат за труд.
„Многу често врз популацијата од женски род се врши дискриминација и од кандидатките се бараат одговори кои никаде не се запишани на хартија, ниту во објавениот конкурс, а се поврзани со нивната интима – дали се мажени, дали планираат да се мажат, дали имаат деца, дали планираат да раѓаат деца… од што директно зависи одлуката на работодавачот дали ќе го добијат работното место“, изјави Ристовски, додавајќи дека заради ова ќе почне и реализација на кампања за подигнување на јавната свест за овој проблем.
Со измените се забранува работодавачите при вработувањето да бараат од кандидатите тест за бременост или потврда за таков тест при склучување на договор за вработување со жена, без оглед на видот на работното место.
Во направеното истражување на илјада испитанички, скоро 22 проценти изјавиле дека биле прашани од страна на работодавачот дали планираат да раѓаат.
извор:„Макфакс“












