На свечена седница на Извршните одбори, а во присуство на претседателот на СЗПМ Драги Аргроски, Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца и „ Солидарност-Аеродром“ од Скопје, беше потпишана Спогодба за збратумување меѓу двете здруженија.
Спогодбата ја потпишаа претседателот на Извршниот одбор на ЗП на Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески и претседателот на Извршниот одбор на ЗП „ Солидарност-Аеродром“, Димитар Богатиноски.
Чинот на збратимување на охридското и здружението на пензионери од скопската населба „ Аеродром“ го поздрави и претседателот на СЗПМ Драги Аргироски,кој истакна дека се збратимуваат двете најуспешни здруженија на пензионери во Македонија, кои се најпрогресивни во својата работа со убави визии и успеси во многу области.Претседателот Аргироски најави дека охридското здружение е следниот учесник на манифестацијата „ Трета животна доба“ која еднаш гоишно се одржува во септември во Љубљана-Словенија.
Спогодбата за збратимување има за цел воспоставување на поблиска и пофикасна меѓусебна сорабтка за заеднички настапи при решавањето на пензионерските проблеми и потешкотии.Основната цел на Спогодбата е размена на искуства,идеи,мислења,ставови и предлози меѓу двете здруженија и другите здруженија кои делуваат во рамките на СЗПМ.
Спогодбата за збратимување ќе ја програмира и реализира Кординативно тело,составено од членови на двете ЗП.
OhridNews