Тројца нови пациенти со вирус на грип од А (H1N1) или свински грип, викендов биле хоспитализирани на инфективната клиника во Скопје, а уште два случаи биле регистрирани во Куманово.Едниот од нив се лекувал амбулантски, а другиот бил задржан на болничко лекување. Сите петмина пациенти се во добра здравствена состојба.

Во лабораторијата на Институтот за јавно здравје досега вкупно се анализирани 38 примероци, од кои 13 лица се позитивни на  вирусот на грип од тип А (H1N1), тројца се со тип на вирус А (H3N2), а двајца се нетипизирани бидејќи почнале со терапија.

Моментално на Инфективна клиника има 11 хоспитализирани пациенти со грип, од кои двајца се на одделението за интензивно лекување, при што еден е во посериозна здравствена состојба . Останатите хоспитализирани се од сите возрасни групи, најголем дел од нив се со претходни хронични заболувања.

На Детска клиника во моментов е хоспитализирано едно дете, кое е во одбра општа здравствена состојба.

Согласно заклучокот од Комисијата за следење на сезонски грип, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, со решенија ги задолжи училиштата и градинките за да ги преземат потребните превентивни санитарно-хигиенски мерки.

OhridNews
извор:Makfaks