Од 1-ви јули, ќе се зголеми капитациониот бод за матичните лекари од 50 на 55 денари, односно за 10 %, информираат од Фондот за здравствено осигурување.

-Бенефитот од оваа мерка ќе го почувствуваат 1527 тимови на матични лекари кои што работат во 1085 ординации со кои Фондот има склучено договор во 2015 година. Оваа мерка ќе значи и подобрување на состојбата во примарната здравствена заштита која ќе се рефлектира и на нашите 1,768.939 осигуреници кои имаат избрано матичен лекар и оваа бројка бележи континуиран пораст од година во година. Во просек секој матичен лекар има 1159 пациенти за кои Фондот исплаќа 104.367 денари, информираат од фондот.

Одлуката, која ја верификува Управниот одбор на Фондот, и по добивање согласност од Министерот за здравство, ќе биде објавена во Службен Весника на РМ.

OhridNews