Владата на денешната 34-та седница ја донесе Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, кој се зголемува за 30 пати. Со уредбата се уредува и начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште.
Со Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште, чиј преглед за висина на надоместот за приватизација на градежното земјиште, се заменува со нов Преглед, информираат од Владата.

Предложената измена се врши поради зголемената пазарна вредност на градежното земјиште во однос на вредноста на градежното земјиште во 2005 година, кога стапи во сила Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, велат од Владата.
OhridNews











