Линеарно, за 500 денари се зголемуваат месечните износи за сите категории ученички стипендии кои активно ќе се доделуваат оваа година или за 5.000 денари на годишно ниво. Ќе се зголеми и бројот на лицата кои добиваат стипендии и тоа за 10 отсто.
Месечниот износ на стипендија за ученици со посебни потреби која ја добиваа 50 корисници и до сега изнесуваше 2.000 денари, сега се зголемува на 2.500 денари, додека стипендијата за социјална поддршка што ја добиваа 400 корисници во висина од по 1.500 денари се зголемува на 2.000. За 500 денари, се зголемува и месечниот износ на стипендијата за ученици – деца без родители од 2.000 на 2.500 денари, што ја добиваат 60 корисници.
Како што информираа од владата, финалната листа на добитници на ученички стипендии ќе биде објавена во текот на следната недела.