Австриските конзервативци освоија мнозинство гласови на предвремените парламентарни избори во земјата. Сепак, на нивниот лидер Себастијан Курц ќе му биде потребен коалициски партнер.

Народната партија на Курц освои 37 отсто од гласовите, речиси шест проценти повеќе од претходните избори пред две години, но недоволно за самостојно да формира влада, според прелиминарните резултати од изборите.
Поранешните коалициски партнери на Курц, десничарската Слободарска партија се најголемите губитници на изборите, забележувајќи пад од 10 процентни поени во однос на изборите пред две години. Најголеми добитници се Зелените, кои стигнаа до 14 отсто од гласовите.