Скопските „црвено црни“ ја остварија целта во првиот натпревар од двомечот со Копенхаген во третото квалификациско коло во Лигата на Шампиони победувајќи со минимални 1-0. Стрелец на голот за победа беше Балотели во второто полувреме од натпреварот. Црномурестиот фудбалер во гол ја претвори грешката на потесната одбрана од данците.

– Сакам да им честитам на моите играчи, и да им се заблагодарам на публиката која ни ја даваше потребнатаподдршка. Во текот на натпреварот покрај голот, имавме уште 3-4 шанси, но на крајот противникот можеше да нè казни после таа една шанса која ја имаа во текот на целиот натпревар. Не треба да се залетуваме, резултатот е тој, одиме на реваншот со кренати глави, знаеме што нè чека. Второ полувреме, втори 90 минути. Но јас верувам во момците дека ќе одиграат уште еден добар натпревар, борбен натпревар против еден тим кој што секоја година игра во Лигата на шампионите, и остануваат уште тие 90 минути да ги одработиме во Копенхаген. – изјави Гоце Седлоски.

Тој истакна дека после Малме, екипата целосно се фокусирала кон дуелот со Копенхаген и биле правени анализи на играта што донело до овој резултат. – Откако го поминавме Малме, ги анализиравме и во Лигата на шампионите и во данскиот шампионат. Типично скандинавски фудбал со долги топки. Остануваме на земја и треба да ги одработиме тие 90 минути кои ќе бидат тешки. Одиме и таму да дадеме гол, мислам дека не треба да се браниме, туку да играме офанзивно. – заврши Седлоски.

OhridNews