Македонското дуо Седлоски и Наумоски со нивниот Матерсбург беа само гледачи во шампионскиот триумф на Австрија Виена од 4-0 над нивниот тим. “Виолетовите“ со убедливиот триумф на едно коло пред крајот ја освоија титулата во Австрија. За нив ова е “само“ 24 титула во нивната клупска историја.


Можност за двојна круна виолетовите ќе имаат во среда кога во финалето на Купот ќе се сретнат со третолигашот Пашинг.