Првиот човек на стручниот штаб на Хоризонт Турново, Гоце Седлоски беше задоволен со освоениот бод од дерби пресметката со Вардар во Охрид која заврши 1-1.


– Ремито во дербито беше најреален исход на крајот од мечот. Ние одигравме солидно полувреме во кое Вардар стигна до предност, а во второто игравме малку по решително што ни донесе бод во дерби пресметката со Вардар во Охрид – рече екс репрезентативецот.

По 15 одиграни натпревари во Првата лига екипата на Хоризонт Турново се наоѓа на петтта позиција со 22 бодови четири помалку од водечките Металург и Вардар.

Мх.П.