Советот на општина Охрид на ден 25.01.2022 година, вторник, ќе ја одржи седмата седница. На неа се ставени 46 точки на дневен ред.

Меѓу нив Предлог-одлуки за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги, за определување зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (објекти) на подрачјето на општина Охрид, за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на градежно и земјоделско земјиште за календарската 2022 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на општина Охрид, за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и јавни паркинг простори со кои стопанисува ЈП„Билјанини извори“ Охрид.

Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид со статус на административни службеници за 2022 година. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на административните службеници, како и давателите на јавни услуги и на директорот во ЈОУДГ „Јасна Ристеска” – Охрид за 2022 година.

Предлог-одлука за формирање Комисија за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи. Предлог-одлука за изменување и дополнување на одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Охрид. Предлог-одлуки за разрешување и именување членови во Училишни одбори во неколку училишта, како и Предлог-Одлука за разрешување и именување членови во Управниот одбор на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ – Охрид.

Предлог-одлука за давање согласност на планот за изменување на Годишниот План за  вработување на Општина Охрид за 2022 година.

На дневен ред и Предлог-одлуки за утврдување потреба од донесување урбанистичко-плански документации.

OhridNews