Во рамки на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Охрид, вечерва, со почеток во 19 часот во концертната сала на ОМУ „Методи Патче“ ќе се одржи Седмоноемвриски концерт.
Дела од познати композитори ќе изведат: Стефан Баракоски-виолина, Бојан Попов-пијано, Ристе Ристески-пијано, Илија Ристевски-виолина, Михаил Дулевски-пијано, Елена Стојоска-флејта, Атанас Неделкоски-пијано, Илија Волканоски-гитара, Николај Петкоски-пијано, МИхаил Тодороски-кларинет, Владимир Србиноски-пијано, Ана Матеска-флејта, Андреја Цацаноска-пијано, Мила Тотеска-виолина, Ева Китрозоска-пијано и Марија Џуклеска-виолина.
OhridNews












