Шеснаесетата седница на Советот на Општина Охрид ќе се одржи на ден 14.09.2022 година (среда) со почеток во 09:00 часот. На дневен ред 42 точки.

Меѓу нив Предлог Одлука за давање согласност за формирање групи во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“- Охрид, со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број, утврдување на работното време на вработените, годишниот извештај за работа за учебната 2021/2022 годинa, годишна програма за работа за учебната 2022/2023 година, како и Предлог Одлуки за разрешување и именување членови во управниот и надзорниот одбор во установата.

На дневен ред  и Предлог Одлука за давање согласност на  годишен план за вработување на ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид за 2023 година, како и Предлог Одлука за утврдување начин на применување на „План за управување со светско природно и културно наследство на Охридскиот регион со акциски план (2020-2029)“ при донесување и спроведување на генерален урбанистички план, детален урбанистички план, урбанистички план за вон населено место, урбанистички план за село и урбанистички проект вон опфат на урбанистички план при планирање на  намена е 1.13-фотоволтаични електрани.

Меѓу точките и оние кои се однесуваат на урабнистичко-плански документации.

OhridNews