Денес со почеток во 9 часот ќе се одржи 28-та седница на Совет на Општина Охрид. Советниците ќе распрваат по 16 точки на дневен ред.

Истите се однесуваат на измените на програмите за поддршка на локалниот економски развој, поттикнување на развојот на туризмот, програмата за финасиските потреби на ТППЕ Охрид, за заштита на животната средина и природата, програмите во областа на културата, спортот и рекерацијата, образованието, годишната програма за изработка на урбанистички планови, пограмата за енергетска ефикасност, здравствена заштита…, предлог-одлука за изменување и дополнување на буџетот на ЕЛС Охрид за 2023 година и предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Охрид за 2023 година.

OhridNews