Дваесет и шестата седница на Советот на Општина Охрид ќе се одржи на 11 април со почеток во 09:00 часот.

На дневен ред се триесет и две точки, меѓу кои одлуката за усвојување на годишниот извештај за спроведување на утврдените тарифи за одведување отпадни води за 2022 година на ЈП „Нискоградба“ – Охрид, давање согласност на одлуката за задолжување со наменски кредит на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид, измена на распоредот на средствата на буџетот на Општина Охрид за 2023 година, како и одлуки за давање на времено користење недвижен имот.

Меѓу точките и оние кои се однесуваат на урабнистичко-плански документации. Детали за дневниот ред на следниот линк.

OhridNews